Видео со Motorola Razr: Легендата се враќа со модерен дизајн

Објавено на 15.11.2019 во Новости



Видео со Motorola Razr: Легендата се враќа со модерен дизајн

После Samsung и Huawei, така и Motorola го претстави својот прв флексибилен смартфон со кого играат на картата со носталгија и така го оживеаја легендарниот бренд Razr и преклопните телефони. Станува збор за првиот телефон н преклоп што не претставува хибрид од телефон и таблет, туку како преклопен телефон од минатото може да се свитка за да ви заземе помалку место во џебот.

На прв поглед станува збор за класичен телефон со екран од 6,2 инча, но како што се витка пластичниот екран, уредот може да се преклопи и кон внатре. Притоа од надворешната страна се открива уште еден помал екран со 2,7-инчим на кого имате известувања и може да пуштате музика без да го отварате телефонот. Погледнете на видеото одозгора како Motorola Razr „лета“ и се споредува стариот со новиот дизајн.