Кои смартфони на Xiaomi ќе имаат 5G?

Објавено на 15.11.2019 во Новости



Кои смартфони на Xiaomi ќе имаат 5G?

Xiaomi откри многу амбициозен план за следната година кој подразбира дека сите смартфони кои ќе бидат лансирани со цена од над 250 долари ќе располагаат со најмодерната 5G мобилна конекција.

Xiaomi на овој начин значително ќе ја спушти долната граница на имплементација на 5G мобилните модеми во основата класа со посолидни перформанси, како и во средната класа со повисока вредност. 

Исто така ќе биде зголемен и самиот опфат на понудата бидејќи наредната година најмалку 10 смартфони на Xiaomi ќе имаат 5G конекција со дена од 250 евра па нагоре.