Google ќе ви помогне ако не знаете да изговорите некое место во Јапонија

Објавено на 16.11.2019 во Новости



Google ќе ви помогне ако не знаете да изговорите некое место во Јапонија

Google се обидува да ја олесни комуникацијата со локалното население, воведувајќи аудиопомош во Google Maps апликацијата. На пример, одите во Јапонија и сакате да прашате за некое место, но не знаете како се изговара на јапонски јазик. Со помош на новите опции ќе може да се одбере звучник покрај местото или адресата и апликациите ќе го изговорат тоа место вас, објавува Google.

Апликацијата за навигација ќе знае и кој јазик треба да го користи. Google најавува дека опцијата за Android и iOS ќе биде достапна на 50 јазици. Досега корисниците мораа да бараат помош за изговарање на некои зборови преку Google пребарувачот со внесување (читај: пишување) на зборот.





 
Најнови телефони
 
 


{}