Ко-основачот на Wikipedia ќе прави социјална мрежа без лажни вести

Објавено на 16.11.2019 во Новости



Ко-основачот на Wikipedia ќе прави социјална мрежа без лажни вести

Се наметнува прашањето дали корисниците имаат волја да плаќаат претплата за да имаат квалитетна содржина на социјална мрежа, на која нема да се загрозени нивните лични податоци. Ко основачот на Wikipedia, Џими Велс, е убеден дека има волја.

Сервисите како Netflix и Spotify се доказ дека корисниците имаат желба и сакаат да плаќаат квалитетна содржина. Од друга страна, корисниците докажаа и дека ќе ги жртвуваат своите лични податоци на Facebook, и покрај тоа што постојано се прекршува приватноста за да добијат бесплатен сервис. Велс сака да понуди поинаква социјална мрежа, она што Facebook, Instagram и другите мрежи не го овозможуваат - приватност и квалитетна содржина, каде нема да доминираат лажни вести и ќе се штити приватноста на своите корисници. 

Автор: Aleksandar Stankov