Sony Mobile започнува голема надградба со Android 10

Објавено на 16.11.2019 во Новости



Sony Mobile започнува голема надградба со Android 10

Sony Mobile ги откри сите планови за големата софтверска надградба со најновата верзија на оперативниот систем Android 10 која стартува веднаш и етапно ќе биде доставена до вкупно 8 смартфони од поновите генерации.

Први кои ќе ја добијат надградбата уште во текот на декември ќе бидат новите смартфони Xperia 1 и Xperia 5. Потоа следни за надградба со Android 10 ќе бидат ставени на ред Xperia 10, Xperia 10 Plus, Xperia XZ2, Xperia XZ2 Compact, Xperia XZ2 Premium, и Xperia XZ3.

Засега ова се сите смартфони на Sony за кои е планирана надградба со  Android 10.





Прочитајте повеќе: