Motorola самоуверено тврди дека Razr нема да има проблеми со дисплејот

Објавено на 17.11.2019 во Новости



Motorola самоуверено тврди дека Razr нема да има проблеми со дисплејот

Motorola razr е новиот рокер на смартфон пазарот. Motorola Mobility, како ќерка компанија на Lenovo, се обидува да го нарече новиот модел на преклоп „телефонот од утре“ (the phone of tomorrow). 

2019 razr изгледа исто како иконата Motorola RAZR V3, сепак има промени во дизајнот, затоа што има инсталирано флексибилен дисплеј. Тука се наметнува прашањето дали и овој дисплеј ќе биде како оној на пионерот во оваа класа - Samsung Galaxy Fold, или пак ќе се покаже како издржлив и некршлив квалитетен дисплеј. Компанијата за таа цел објави самоуверено видео со цел да покаже како се изработува и дека се работи за квалитетна изработка.

Автор: Aleksandar Stankov




 
Најнови телефони
 
 


{}