Samsung Galaxy S10 доби нова бета верзија на Android 10

Објавено на 17.11.2019 во Новости



Samsung Galaxy S10 доби нова бета верзија на Android 10

Samsung Mobile лансираше четврта по ред бета верзија на оперативниот систем Android 10 наменета за смартфоните од серијата Samsung Galaxy S10 со што се решени повеќе помали грешки во софтверот благодарение на фидбекот од самите корисници.

Бета тестирањето на Android 10 со One UI 2.0 корисничкиот интерфејс е при крај па така најдоцна во декември треба да следи финалната надградба на Samsung Galaxy S10 серијата со новиот софтвер.

Автор: Aleksandar Stankov