Џими Велс е убеден дека сакаме социјална мрежа со претплата

Објавено на 18.11.2019 во Новости



Џими Велс е убеден дека сакаме социјална мрежа со претплата

Facebook и Twitter се социјални мрежи полни со реклами, со цел газдата да заработи дебело на грбот на корисниците, чии профили се компромитираат за профитни цели. Џими Велс, ко-основачот на Wikipedia е убеден дека корисниците сакаат „чисти“ социјални мрежи без реклами и без опасност од продавање на личните податоци. 

Што значи чиста мрежа? Тоа што корисникот ќе плати за да отвори профил на социјалната мрежа, т.е. ќе се претплати за да биде безбеден и без грижи дека податоците би можеле да се најдат на црниот пазар. Целта на Џими Велс е да креира голема социјална мрежа што ќе им биде конкуренција на Facebook и Twitter.