Локални водачи ќе ви даваат препораки на Google Maps

Објавено на 18.11.2019 во Новости



Локални водачи ќе ви даваат препораки на Google Maps

Google Maps во десетина градови низ светот тестира нова функција ко овозможува да добивате препораки директно од локални водачи со нивни препораки за посета на локации, ресторани и туристички атракции.

Со новата функција Local Guides препораките ќе може да ги видите во менито For You на Google Maps при што вашето истражување за одреден град ќе биде многу побогато и полесно. 

По завршување на тест периодот оваа нова функција на Google Maps која ја одржуваат самите корисници ќе стане глобална.