Колку ќе чини Motorola Razr во Европа?

Објавено на 18.11.2019 во Новости



Колку ќе чини Motorola Razr во Европа?

Motorola Mobility по речиси една деценија повторно лансираше атрактивен телефон на преклоп, овој пат во форма на смартфон со флексибилен или двоен екран кој кога ќе се отвори прави една целина заедно со еден помошен дисплеј на надворешната страна.

Motorola Razr веќе е достапен за нарачка од САД со цена од 1500 долари што е прилично висока сума за самите перформанси, но тука клучна е самата форма на уредот.

Инаку во Европа Motorola Razr во продажба ќе се најде во текот на јануари за цена од околу 1700 долари што значи дека ќе биде за 15% поскап од пазарот во САД.