Бил Гејтс е најбогатиот човек на светот во 2019 година

Објавено на 18.11.2019 во Новости



Бил Гејтс е најбогатиот човек на светот во 2019 година

Бил Гејтс е повторно најбогатиот човек на светот, прогласен е за најбогат и за 2019 година. И покрај тоа што претходно титулата му ја презема шефот на Amazon, Џеф Безос, шефот на Microsoft повторно се искачи на врвот на листата.

И покрај тоа што ја напушти функцијата на извршен директор во 2008 година, а во 2014 година го отстапи и местото на претседател во истата компанија, Гејтс учествува во бројни хуманитарни активности и помага на својата поранешна компанија во многу проекти. Според податоците од Bloomberg од минатата недела, тој располага со богатство вредно 110 милијарди долари, што е за 1 милијарда долари повеќе од Безос, кој има 109 милијарди.