Ја забележавте ли радикалната промена на Instagram

Објавено на 19.11.2019 во Новости



Ја забележавте ли радикалната промена на Instagram

Една од негативните последици на социјалните мрежи е зависноста од лајкови и луѓето често објавуваат содржина само со цел за некој да им го кликне „палецот нагоре“. Тоа стана главно мерило поради кое децата и тинејџерите чувствуваат притисок дека секоја објава мора да има голем број на лајкови.

Поради таа причина екипата од Instagram сака да стави крај на таквите ситуации и затоа најавија дека нема да има број на лајкови. Криењето на лајкови не значи дека лајкот исчезнува, туку само корисниците нема да може да гледаат колку лајкови има конкретната објава.