2020 година ќе има само еден полнач за сите мобилни

Објавено на 20.11.2019 во Новости



2020 година ќе има само еден полнач за сите мобилни

Одборот за внатрешниот пазар и заштита на потрошувачи во Европскиот Парламент веќе расправаше за новото правило за усвојување на еден стандарден полнач. Се уште не е познато како ќе изгледа полначот, затоа што Комисијата само што ја почна оваа тематика. 

Со оглед на тоа што бројот на уреди што го поседуваме секојдневно расте, така се наметнува и потребата за да имаме еден единствен полнач за сите уреди. Се разбира, секој член во семејството има барем по еден смартфон, а и барем по еден таблет. Со единствен стандарден полнач сите уреди ќе може да се полнат.