Samsung Galaxy Note 10 ќе ги израдува фановите на Star Wars

Објавено на 20.11.2019 во Новости



Samsung Galaxy Note 10 ќе ги израдува фановите на Star Wars

Во пресрет на продолжението на легендарното филмско остварување, Војна на ѕвездите: Подемот на Скајвокер, чија премиера е закажана за во декември оваа година, компанијата Samsung Electronics го претстави специјалното издание на Galaxy Note10+ моделот.

Преку соработката со продукциската куќа Lucasfilm и изданието кое содржи специјално дизајниран телефон, маска, значка за колекционери, S Pen и безжични слушалки, соединети се две галаксии. Покрај тоа, пакетот доаѓа со посебни теми, анимации, икони и мелодија кои ќе предизвикат еуфорија кај секој фан на познатата франшиза.

Од претставувањето во август оваа година, паметните телефони Note10+ ги направија милиони луѓе низ целата планета повеќе продуктивни и покреативни. Моделот кој е истовремено вистинско уметничко дело, комбинира импресивен дизајн и моќни перформанси со ефикасни алатки и врвна камера. Со претставувањето на специјалното издание, Samsung ќе ги инспирира фановите на легендарната франшиза да ги одбележат сите свои легендарни моменти. За повеќе детали за специјалното издание, погледнете на: https://www.samsung.com/global/galaxy/campaigns/star-wars-ix-collaboration/

Специјалното издание Galaxy Note10+ Star Wars™ ќе биде достапно на одредени пазари од 10. декември. Соработката на двете галаксии беше најавена во октомври, а продолжението следеше во вид на мини филм, во чиј фокус е дете кое сака да вдоми напуштено куче. Самото куче неодоливо потсетува на култниот Чубака и детето за време на траење на филмот, користејќи носечки уреди на Samsung, како Galaxy Note10, Note10+, Watch Active2 и Tab S6, се труди да го убеди семејството да го посвојат.

https://www.youtube.com/watch?v=ZAbox-KKXDQ&feature=youtu.be