Qualcomm ќе испорача 450 милиони смартфони до 2021 година со 5G

Објавено на 21.11.2019 во Новости



Qualcomm ќе испорача 450 милиони смартфони до 2021 година со 5G

5G револуцијата дефинитивно не може да се спречи од оние што протестираат против неа. оти е штетна за здравјето на луѓето поради високо зрачење. Qualcomm излезе со информација дека до 2021 година ќе се испорачаат 450 милиони смартфони со 5G мрежа.

Истата цифра ќе се зголеми до 750 милиони телефони со 5G во 2022 година. Во 2020 година ќе се испорачаат 200 милиони 5G смартфони. Тоа значи дека за само 2 години, 5G револуцијата ќе реализира неверојатен раст од 125%. Експертите предвидуваат дека Huawei ќе реализира голем раст во 5G секторот, кој најави дека веќе развива и 6G технологија.