Знаете ли зошто луѓето користат слушалки?

Објавено на 21.11.2019 во Новости



Знаете ли зошто луѓето користат слушалки?

Слушалките првенствено се користат кога сакате да слушате музика или да гледате филмови, но употребата на слушалките и не е толку едноставна на прв поглед. Со истражувањето на германската компанија Bitkom се покажало дека 47% од луѓето ставаат слушалки за да се изолираат од својата околина.

Сличен број, 42% ги користат како сигнал за други, со цел никој да не ги вознемирува. Секој петти испитаник се користи со слушалки со цел да не му пречат во работата, или пак како моден додаток. Само 23% кажале дека слушалките воопшто не ги користат. Интересно е тоа што 70% од Германците постари од 16 години, поседуваат барем еден пар слушалки.