150 милијарди долари вредна компанија, ја води само со iPhone

Објавено на 22.11.2019 во Новости



150 милијарди долари вредна компанија, ја води само со iPhone

Помладите генерации што пораснаа со смартфони во рацете, не се свесни дека порано имаше посебни уреди за сето она што смартфонот го нуди: фотоапарат, класични телефони со жица, музички плеер, дигитален асистент и карти и мапи на хартија.

Сето тоа го имаме сега во џеб, објаснил Марк Бениоф за време на Dreamforce конференцијата, извршниот директор на Salesforce. Оваа компанија годишно реализира над 13 милијарди долари приходи, додека нејзината вредност изнесува речиси 150 милијарди долари. Овој млад бизнисмен го води својот деловен живот исклучиво од својот iPhone, а ист е случајот и со извршниот директор на Twitter, Џек Дорси. Тие велат дека за да се фокусираш на работата, мора да користиш смартфон и да ги гледаше реално проблемите и задачите. Двајцата директори ја водат својата канцеларија без никаков компјутер.