Motorola RAZR го фрла сидрото во Европа во декември

Објавено на 22.11.2019 во Новости



Motorola RAZR го фрла сидрото во Европа во декември

RAZR ја разбрани јавноста со својот уникатен дизајн, кој по своите спецификации не е најмоќен смартфон по перформанси, но сепак ги натера сите производители да го копираат во најмала рака. Со ова Motorola Mobility докажа дека умее да изработи нешто уникатно.

Најновите информации се дека телефонот со 6.2 инчен Flex View pOLED екран ќе пристигне во Европа овој декември, што значи дека нема да чекаме уште многу. Датата е се уште непозната. Секундарниот Quick View OLED дисплеј на преклопниот смартфон ќе биде со големина од 2.69 инчи, Snapdragon 710 процесор и 6GB+128GB меморија.