Футуристички и непробивен ѕвер - Маск го претстави Cybertruck

Објавено на 22.11.2019 во Новости



Футуристички и непробивен ѕвер - Маск го претстави Cybertruck

Илон Маск претходно го најави пикапот на Tesla, кој сега и официјално го претстави - Cybertruck. Футуристичкиот ѕвер располага со агресивен дизајн, кој би можеле да го опишеме со комбинација од Blade Runner и Mad Max. Се разбира, возилото е електрично и затоа остава без зборови. Неговата основна цена е 40 илјади долари, моделот со два мотора ќе биде 50 илјади долари, а најскапиот 70 илјади долари. 

На прв поглед дефинитивно ве остава без зборови. Очигледно е дека Маск и дизајнерите на Tesla вложиле голем труд, додека размислувањето надвор од кутијата, го направило таков дизајнот. Возилото што изгледа како оклопно е произведено со каросерија од нерѓосувачки челик, отпорен на корозија и стакло со висока заштита од удари.