FBI предупредува дека автомобилската индустрија масовно се напаѓа од хакери

Објавено на 24.11.2019 во Новости



FBI предупредува дека автомобилската индустрија масовно се напаѓа од хакери

Американската автомобилска индустрија во последно време е на голем удар од хакери, предупредуваат од FBI. Бројот на хакерски напади врз автомобилските компании е се поголем, а во текот на следните години заканите ќе бидат се поопасни и почести.

Со оглед на тоа што автомобилите во иднина ќе бидат повеќе поврзани и ќе собираат се повеќе податоци за корисниците, јасно е зошто таа индустрија станува се поинтересна за кибернетски криминалци. Во извештајот на FBI, кој стигна до рацете на новинарите, не се споменуваат конкретни компании, но се акцентира дека хакерите досега имале успех во нападите.