Smart Compose ќе ви помогне и во Google Docs
Објавено на 24.11.2019 во Новости
Google започна да ја интегрира услугата Smart Compose и за апликацијата Google Docs која може да ја користите и на десктоп и на смартфон со цел значително да го забрзате процесот на пишување текстови.
Smart Compose е напредна алатка која најпрво беше интегрирана во Gmail за брзо и интелигентно склопување е-маил пораки.
Сега Smart Compose е дел и од Google Docs, за почеток достапна за бета тестерите на посебниот пакет Google Bussones Suit, но подоцна алатката ќе биде достапна целосно за сите корисници на Docs.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.