Европјаните најмногу „удриле“ на нови смартфони

Објавено на 24.11.2019 во Новости



Европјаните најмногу „удриле“ на нови смартфони

Гледано според глобалните испораки на смартфони, во последните три месеци, поточно јули, август и септември од третиот квартал на годинава, најголем раст на пазарот на смартфони има во Европа, односно биле продадени вкупно 52,5 милиони примероци, за 8% повеќе од третиот квартал од 2018 година или за 3,7 милиони смартфони повеќе.

Растот на европскиот пазар најмногу го искористил Samsung Mobile кој за овие три месеци продал дури за 3,9 милиони смартфони повеќе, вкупно 18,7 милиони смартфони за третиот квартал од 2019 или вкупно раст од импресивни 26% со зголемување на пазарното учество на 35,7%.

Зад нив е Huawei кој продал идентична бројка на смартфони како овој квартал, така и лани, односно пласирал 11,6 милиони смартфони во Европа. Поради растот на Samsung, се намалило и пазарното учество на Huawei кое сега изнесува 22,2%.

Во топ 5 влегуваат и Apple со продадени 9,8 милиони смартфони и пад во однос на лани од 4%, потоа следи Xiaomi со продадени 5,5 милиони смартфони или за 2,3 милиони примероци повеќе д лани со пазарно учество од 10,5, и Nokia ја комплетира листата со продадени речиси 1 милион смартфони, но со мал пад во однос на третиот квартал од 2018 година. 

Сите останати брендови заедно на европскиот пазар продале 5,9 милиони смартфони за речиси 2 милиони примероци помалку од лани, што значи дека изборот се повеќе се стеснува помеѓу 5-те поголеми брендови.