Huawei го најави MatePad Pro како премиум таблет

Објавено на 25.11.2019 во Новости



Huawei го најави MatePad Pro како премиум таблет

Категоријата на таблети особено во поевтините класи станува се помалку застапена со оглед на се поголемите смартфони.

Сепак, во премиум класата и натаму има конкуренција, па така Huawei го најави новиот MatePad Pro таблет, прв со вградена селфи камера во дупче на врвот на екранот.

Huawei MatePad Pro располага со 10.8 инчен AMOLED дисплеј со резолуција од 2560x1600 пиксели, моќен осум-јадрен Kirin 990 процесор, 8 GB RAM, 256 GB меморија, 13 мегапикселна задна камера, 8 мегапикселна селфи камера, батерија со капацитет од 7250 mAh, брзо полнење со капацитет од 40W, безжично полнење со 15W, реверзибилно полнење за други уреди, поддршка за M Pen и Android 10 оперативен систем.

Новиот Huawei MatePad Pro ќе се продава по цена од околу 600 евра, а најскапата верзија ќе има и LTE конекција.

 

Автор: Aleksandar Stankov