Huawei со милијарда долари привлекува девелопери за нивниот пандан на Google

Објавено на 25.11.2019 во Новости



Huawei со милијарда долари привлекува девелопери за нивниот пандан на Google

Huawei доби уште продолжение за привремената дозола, која му овозможува понатамошно користење на сервисите на Google и трговија со поединечни американски компании, во кинескиот бренд не седат со прекрстени раце, туку се спремаат за работење без американски компании.

Така на неодамнешно одржаниот Asia-Pacific Developer Day, се истакнало дека Huawei развива цела низа неопходни услуги што се потребни за нивните апликации, исти какви што нуди Google. Жанг Пинг'ан од Одделот за услуги во облак во Huawei, истакнува дека Huawei уште сега може да замени 90% од услугите на Google, односно апликации, кои се наоѓаат на смартфоните. Huawei во почетокот на 2020 година ќе им обезбедат на Huawei користење на својот API (интерфејсот што е потребен за девелоперите да може да креираат апликации).