Redmi K30 со 5G доаѓа за десетина дена

Објавено на 26.11.2019 во Новости



Redmi K30 со 5G доаѓа за десетина дена

Xiaomi преку нов тизер на социјалните мрежи откри дека на 10 декември официјално ќе го претстави новиот квалитетен смартфон Redmi K30 кој ќе има поддршка за 5G мобилна конекција за супер брз интернет.

Redmi K30 ќе биде прв смартфон на кинескиот бренд кој ќе има двојна селфи камера сместена во самиот врв на дисплејот во специјално дупче без притоа да прави пречки во гледното поле на корисникот.

Автор: Aleksandar Stankov