Facebook тестира страшна опција за препознавање на лице

Објавено на 26.11.2019 во Новости



Facebook тестира страшна опција за препознавање на лице

На мрежата на крајот на минатата недела се појавија информации за страшната апликација што ја разви компанијата на Марк Цукерберг. Станува збор за апликација за препознавање на лицето, но не во смисла на препознавање на корисниците што лесно може да го отклучат својот телефон, туку препознавање на лицето на другите корисници на Facebook. 

Значи, доволно е само да ја насочите камерата на својот смартфон кон некое лице и на екранот ќе се покаже името на таа личност и профилната слика на Facebook. Таквата опција сериозно може да ја поткопа приватноста на интернет. Се разбира, таа е развиена за да се применува на лицата што имаат активирана опција за препознавање на лицето на мрежата на Цукерберг.