И покрај фијаското со скршеното стакло, Cybertruck има 200 илјади нарачки

Објавено на 26.11.2019 во Новости



И покрај фијаското со скршеното стакло, Cybertruck има 200 илјади нарачки

После претставувањето на новиот камионет на Tesla, два пати беше скршено неговото „непробојно“ стакло. И покрај тоа, камионетот до вчера сабајле имаше 200 илјади нарачки, пренесуваат од BBC. Новиот Cybertruck со футуристички изглед сепак има кршливо стакло, за кое Илон Маск со насмевка одговори дека сепак металната топка не го проби стаклото од другата страна.

Акциите на Tesla паднаа за 6,1% од вредноста после тој настан во четвртокот, а богатството на Маск се намали за 768 милиони долари за еден ден, според податоците на Forbes. Аналитичарите сметаат дека Cybertruck ќе биде пуштен во промет најрано кон крајот на 2021 година.