Американската полиција го тестира страшниот роботски пес Spot

Објавено на 27.11.2019 во Новости



Американската полиција го тестира страшниот роботски пес Spot

Од една страна е застрашувачки, а од друга страна импресивно, тоа што песот Spot може самостојно да го направи. Роботскиот пес Spot од компанијата Boston Dynamics може сам да ја отвори вратата и да влече возило.

Оваа недела дознаваме и дека сега веќе работи во американската полиција. Во бомбашките одреди на полицијата во Масачусетс, Spot го користат за вежби и бил веќе во две вистински акции.