Cybertruck му одржа лекција на Ford F-150 со влечење на јаже

Објавено на 27.11.2019 во Новости



Cybertruck му одржа лекција на Ford F-150 со влечење на јаже

За време на презентацијата на новото електрично возило на Tesla - Cybertruck, објавено е видео на кое може јасно да се види како три-тонското возило на Илон Маск без никакви проблеми го повлекува Ford F-150 во натпреварување на повлекување со јаже во обратна насока.

Cybertruck не само што победи, туку Ford F-150 изгледаше и како беспомошна крпа на патот. Потпретседателот на Ford X Sundeep Mandra потоа на Twitter го повика Маск да им го достави Cybertruck за да му извршат тестирање „јаболко против јаболко“ во Ford. Маск одговори потврдно во свој стил: „Давај, давај“.

Погледнете го видеото на овој линк.