И покрај се, планот не се менува, Huawei сака да биде глобален лидер на мобилниот пазар

Објавено на 27.11.2019 во Новости



И покрај се, планот не се менува, Huawei сака да биде глобален лидер на мобилниот пазар

Одлуката на Доналд Трамп внесе неред во куќата, но кинескиот џин сепак наоѓа начин и да исплива и планира да воведе сопствен софтвер, за да не зависи од Google. Испреплетеноста на американските компании со кинеските е голема, затоа е комплицирано одеднаш да се пуштат снабдувачите на хардверска и софтверска технологија.

Целта на Huawei e да ги престигне Apple и Samsung и да завладее на глобалниот пазар за смартфони. Меѓутоа, мораше да се прилагоди на новата ситуација и да размисли за идните планови. На Huawei сепак му оди добро и без Google во моментот, при што во првите девет месеци од годината, забележа раст од 25% во споредба со истиот период лани. Во Кина продажбата на Huawei значително порасна паралелно со проблемите.

И покрај сето тоа, амбициите на Huawei не престануваат. Основачот и извршниот директор на Huawei, Рен Женгфеи, верува дека компанијата може да го надмине Samsung и да стане компанија лидер во мобилниот свет. 





Прочитајте повеќе: