Samsung Galaxy S11 ќе го има во три верзии, со најмоќната 108MP камера

Објавено на 29.11.2019 во Новости



Samsung Galaxy S11 ќе го има во три верзии, со најмоќната 108MP камера

Samsung Galaxy S серијата е симбол за премиум уреди, кои секоја година излегуваат во февруари-март.

2020 година излегува Galaxy S11 линијата, од која се очекува Android 10 софтвер и One UI 2.1. Она што би било многу моќно и познато во моментот, се камерата и дисплејот на S11: екран од 120Hz и камера од 108MP.

Не знаеме колкави ќе бидат цените на Samsung телефоните, но сигурно ќе бидат повисоки од ланските. Трите модели би биле: S11, S11+ и S11e. 

Колку за споредба, цените на моделите од оваа година се: Galaxy S10e - 750 долари, Galaxy S10 - 900 долари, Galaxy S10 + - 1.000 долари и Galaxy S10 5G - 1.300 долари.





 
Најнови телефони
 
 


{}