Tesla го продаде Cybertruck на полициските служби во Дубаи

Објавено на 29.11.2019 во Новости



Tesla го продаде Cybertruck на полициските служби во Дубаи

Замислете, полицијата во Дубаи ги купува сите спортски и најскапи оклопни автомобили од светот. Досега имаше во својот арсенал од моделите на Porsche 918 Spyder, Bugatti Veyron, Aston Мartin One-77, Ford Mustang, Lamborghini Aventador, Audi R8, Renault Twizy. 

Изгледа дека му недостасуваше само најновиот електричен камионет Tesla Cybertruck. Cybertruck е веќе „облечен“ со полициска униформа и дефинитивно станува дел од возниот парк на полицијата во 2020 година. Претставникот на полицијата во Дубаи, Абдула Калифа Ал Мари, соопшти дека Cybertruck ќе се користи за патрола за туристичките локации. Покрај ова електрично возило, дубајската полиција ќе купи и  Mercedes-AMG GT 63 S.