Опасно е да ги користите Twitter и Facebook за пријава во апликација

Објавено на 02.12.2019 во Новости



Опасно е да ги користите Twitter и Facebook за пријава во апликација

Идејата е многу добра, оти кога веќе еднаш имате профил на Twitter или Facebook, со истиот профил може да се логирате на други страници и апликации. Доволно е да кликнете на "Login with Facebook" и готово. Се покажа сепак дека тоа не е најдоброто решение.

Twitter објави на својата страница дека некои девелопери ја искористиле софтверската алатка oneAudience за неовластено да дојдат до e-mail, корисничко име и последниот твит што сте го објавиле на својата сметка. Истите податоци биле проследени до компанијата што ја развила алатката. Истата ситуација се случила и со корисниците што користеле "Login with Facebook".