Huawei му даде огромна нарачка на Foxconn: 50 милиони смартфони со 5G технологија

Објавено на 03.12.2019 во Новости



Huawei му даде огромна нарачка на Foxconn: 50 милиони смартфони со 5G технологија

Foxconn добил нарачка од Huawei за производство на 50 милиони парчиња на уреди со 5G мрежа. И покрај американските сакнции, кинескиот бренд не запира. Новите телефони што се дадени на кинеската компанија да ги произведе, треба да излезат во 2020 година.

Не е позната вредноста на смартфоните, но со оглед на тоа што доаѓаат со 5G модеми, значи дека се со исклучително висока вредност на пазарот. Инаку, Huawei е единствена компанија од топ пет листата, која не пријави пад на продажба во третиот квартал!? И покрај сето тоа, не запира со иновациите.