Samsung Galaxy S10 Lite се поблиску до пласманот

Објавено на 03.12.2019 во Новости



Samsung Galaxy S10 Lite се поблиску до пласманот

Samsung Mobile ја активираше страната за поддршка на новиот премиум смартфон со пониска цена Samsung Galaxy S10 Lite што значи дека неговиот пласман до корисниците е се поблиску.

Samsung Galaxy S10 Lite го помина и првиот тест на сајтот за мерење на перформансите Geekbench каде оствари солидни резултати.

Според досегашните информации Samsung Galaxy S10 Lite ќе има подеднакво моќен осум-јадрен Snapdragon 855 процесор, 8 GB RAM, тројна главна камера со примарен сензор од 48 мегапиксели, 32 мегапикселна селфи камера, батерија со капацитет од 4500 mAh и брзо полнење.

Останува уште да се види каков точно дисплеј ќе понуди Samsung Galaxy S10 Lite и која ќе биде неговата крајна цена 





 
Најнови телефони
 
 


{}