Huawei вложува 100 милиони евра во развој за вештачка интелигенција

Објавено на 03.12.2019 во Новости



Huawei вложува 100 милиони евра во развој за вештачка интелигенција

Huawei во следните пет години ќе вложи 100 милиони евра во развој на заедницата што брои 200.000 програмери, 500 независни производители на софтвер и 50 истражувачки институти и универзитети, најави Џионг Јихуи од Одделот за интелигентно компјутерство во Huawei за време на конференцијата Slush, одржана во Хелсинки.

Јихуи во својот говор на конференцијата што собрала над 20.000 учесници од 130 земји во светот, открива дека сето ова вложување е дел од стратегијата на Huawei со зголемено вложување во основните истражувања со цел да се развие интегриран екосистем за решенија базирани на технологијата за вештачка интелигенција во Европа.





 
Најнови телефони
 
 


{}