Xiaomi го стабилизира раководството на компанијата

Објавено на 04.12.2019 во Новости



Xiaomi го стабилизира раководството на компанијата

Леи Џун беше привремен извршен директор на Xiaomi, во временски период од 6 месеци. Новиот извршен директор ќе биде Лу Веибинг, кој досега беше на позицијата генерален директор на Redmi и потпретседател на Xiaomi групацијата.

Кинеската компанија ги прави овие поместувања со цел да се поттикне развој на 5G и AloT (AI of Things) технологијата. Ванг Џианг станува претседател, а Ли Бин и Хе Јунг ќе бидат потпретседатели на Xiaomi групацијата.