iPhone 11 Pro собира локациски податоци и кога ќе исклучите следење

Објавено на 04.12.2019 во Новости



iPhone 11 Pro собира локациски податоци и кога ќе исклучите следење

Истражувањето на Брајан Кербс покажа дека iPhone 11 Pro собира локациски податоци за корисниците дури кога тие ќе одберат да ја исклучат опцијата за следење преку GPS.

Следењето на локациите оди преку сите апликации и сервиси и пингот преку GPS се активира и пренесува до мистериозен сервер. Ова доаѓа откако Apple твфдееше дека iPhone 11 Pro е еден од смартфоните со највисока заштита на приватноста на корисниците.

Според Apple засега станува збор за вообичаена пракса на пренесување на локациски податоци за мрежи кои се испраќаат до сервери со енкрипција, но случајот мора дополнително да се истражи бидејќи за оваа активност корисниците не се известени.

Автор: Aleksandar Stankov