Сергеј Брин и Лери Пејџ се повлекоа од челните позиции на гигантот зад Google

Објавено на 04.12.2019 во Новости



Сергеј Брин и Лери Пејџ се повлекоа од челните позиции на гигантот зад Google

Сергеј Брин и Лери Пејџ основачите на Google се откажа од челните позиции на корпоративната управа на Alphabet. Нивното место ќе го заземе Судар Пичаи како главен извршен директор откако неколку години беше предводник на Google.

Брин и Пејџ ќе останат дел од бордот на директори, но нема да бидат вклучени во секојдневното управување со компанијата. Пичаи беше и директор на одделот за Android и постепено стигна до самиот врв на корпорацијата.

Google ја основаа во 1998 година и го претставија првиот функционален интернет пребарувач кој го промени целосно начинот на кој пристапуваме кон интернетот.