Motorola One Hyper официјално: Поп-ап селфи камера и Hyper Charging

Објавено на 04.12.2019 во Новости



Motorola One Hyper официјално: Поп-ап селфи камера и Hyper Charging

Motorola е спремна за пазарот на смартфони од висока класа со новиот Snapdragon 865 чип со 5G брзина без потреба за поврзување со Moto Mod. После One Macro, One Zoom, One Action, и One Vision, конечно дојде денот и за Motorola One Hyper.

Новиот модел има специјална макро камера со поп-ап селфи камера и дисплеј од раб-до-раб со буџетски пријателска цена. Моделот има 6.5-инчен Full HD+ дисплеј што се простира до самите рабови. One Hyper располага со ултра висока резолуција на камера од 64MP, во комбинација со 8MP ултра широки леќи од задната страна и селфи камерата од 32MP. Предната и задната камера може да гледаат во мрачни услови благодарение на Night Vision технологијата. 

Motorola One Hyper има Snapdragon 675 процесор, 4GB RAM меморија, 45W Hyper Charging, батерија со капацитет од 4,000mAh, за која од 0% до 75% се потребни само 30 минути. Моделот доаѓа со Android 10 оперативен систем, а неговата цена изнесува 400 долари.





 
Најнови телефони
 
 


{}