Motorola веќе го креира противникот на поевтиниот Samsung Fold

Објавено на 05.12.2019 во Новости



Motorola веќе го креира противникот на поевтиниот Samsung Fold

Откако се слушна дека Samsung ќе лансира Fold модел што ќе биде поевтин од Motorola Razr 2019 и ќе чини 815 долари, Motorola Mobility дефинитивно одлучи да креира нешто друго. Компанијата очигледно во моментот е во добра креативна кондиција.

Идниот модел што компанијата на Lenovo планира да го лансира ќе биде модуларен, а според информациите на експертите од LetsGoDigital што ги слушнале од патентната канцеларија, најверојатно ќе биде модел со школка дизајн, сличен како новиот Razr 2019.

Телефонот ќе биде со специјална клап-шарка за склопување и расклопување и ќе може да се приклучува со различни модули како што е проектор или звучник.