Redmi Note 8 со рекордна 10-милионска продажба
Објавено на 10.12.2019 во Новости
Xiaomi ги претстави трите модели од осмата серија: Redmi Note 8, Redmi Note 8T и Redmi Note 8 Pro. Големиот евент беше на крајот на август месец, а до овој момент достигнале врвна продажба од 10 милиони продадени примероци.
Колку да се потсетиме, Redmi Note 8 Pro е со 6,53 инчен LCD дисплеј, Full HD+ резолуција, Gorilla Glass 5 заштитно стакло и селфи камера од 20MP. Под хауба го има MediaTek Helio G90T процесор, 6GB/8GB RAM меморија и 64GB/128GB ROM меморија.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.