Почнаа преднарачките за 3 серија на Motorola Moto 360

Објавено на 12.12.2019 во Новости



Почнаа преднарачките за 3 серија на Motorola Moto 360

Motorola Moto 360 е кружен смартчасовник, чиј прв модел излезе во септември, 2014 година, со кружен дисплеј. Втората генерација беше лансирана следната година, а двата модела беа со Android Wear, познато како Wear OS.

Не се очекуваше и трета генерација на Motorola Moto 360, но еве, производителот пријатно не изненади во октомври, кога се појави нова лиценца за името Moto 360. Третата серија на Moto 360 е опремена со always-on AMOLED дисплеј со големина од 1.2-инчи, резолуција од 390 x 390 пиксели, Snapdragon Wear 3100 процесор, 1GB RAM + 8GB ROM меморија, капацитет на батерија од 355mAh, за чие полнење од 0% до 100% се потребни 60 минути. Достапен е во розево-златна верзија со бели-силиконски и кафеаво-кожени ремени, металик-зелена боја со црни-силиконски и кафеаво-кожени ременчиња, како и фантомско-црна боја со црн-силиконски и црн-кожен ремен. Преднарачките за Moto 360 започнаа со цена од 350 долари. Смартчасовникот започнува со достава од 10 јануари.