Motorola Moto G8 Power со неверојатна моќ во батеријата

Објавено на 13.12.2019 во Новости



Motorola Moto G8 Power со неверојатна моќ во батеријата

Motorola Moto G8 Power е детектиран како нов модел на листата на FCC, за кого се открива дека ќе има неверојатен капацитет на батерија од 5000mAh. 6,5 инчениот дисплеј ќе се напојува добро од батеријата и нема да го исклучи смартфонот за брзо време. 

Moto G8 Power е со кодно име Sofia, а моделот во тестна верзија е со Android 10 оперативен систем, и 5G технологија. Под хауба би можел да има Snapdragon 665 процесор, а за дата на лансирање се уште немаме информации.