Samsung Galaxy Note 10 стигна до целосна Android 10 надградба
Објавено на 14.12.2019 во Новости
Samsung Mobile започна со реализација на целосната надградба за премиум фаблетот Samsung Galaxy Note 10 кој стигна до стабилната верзија на оперативниот систем Android 10 по неколку кратни бета тестирања.
Во фокусот на Android 10 надградбата за Samsung Galaxy Note 10 е воведување на поголема употреба на Dark Mode низ различни елементи од менијата. Исто така подобрена е безбедноста на уредот, има подобро менаџирање на нотификации и воведени се сите измени на корисничкиот интерфејс OneUi 2.
Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Telefoni.mk.