Кога ќе пристигне Xbox Series X?

Објавено на 14.12.2019 во Новости



Кога ќе пристигне Xbox Series X?

Дефинитивно конзолите на видео игри ќе влезат во нов циклус со нови обиди за доминација на пазарот. Microsoft одговорот на Sony исто така го планира за празничната сезона во 2020 година со надеж дека ќе ги задржи гејмерите со многу моќна конзола која ќе обезбеди поддршка за најквалитетни видео игри во наредните години.

Затоа за речиси една година од сега на пазарот ќе биде лансирана новата видео конзола Xbox Series X за која веќе беше претставен целосниот дизајн, нови функции и првата атрактивна видео игра Senua's Saga: Hellblade II.

Xbox Series X ќе има нов контролер со подобрена ергономија и акција, Share копче, целосна нова графичка карта на AMD со Zen 2 архитектура и целосно нов процесор, флеш меморија, поддршка за 4K резолуција, Variable Refresh Rate и Auto Low Latency Mode за подобар и непречен гејминг.

Автор: Aleksandar Stankov