Откриен процесорот за Huawei Mate 40

Објавено на 16.12.2019 во Новости



Откриен процесорот за Huawei Mate 40

Huawei следната година ќе води огромна битка со Apple за лансирање на најмоќниот мобилен процесот на пазарот чија кулминација ќе се случи некаде наесен.

Веќе се говори дека супер моќниот фаблет Huawei Mate 40 ќе работи со следната генерација на 5nm Kirin 1020 процесорот кој ќе понуди неверојатни за 50% подобри перформанси од сегашниот најквалитетен Kirin процесор.

Huawei Mate 40 со Kirin 1020 ќе има вградена поддршка за 5G, 12 GB RAM, 512 GB вградена меморија, супер брзо полнење и висок степен на енергетска ефикасност додека пак за видео ќе ги има сите најнови и најнапредни стандарди.