Cybunker: Оригиналната гаража за Tesla Cybertruck

Објавено на 17.12.2019 во Новости



Cybunker: Оригиналната гаража за Tesla Cybertruck

Tesla Cybertruck отвара нови пазарни можности, па затоа дизајнерската агенција Lars Büro нацртала посебна гаража за оваа грдосија. Cybunker е смислен како животен простор со гаража за Cybertruck со големина од 56 метри квадратни.

Cybunker има двојна врата и специјална комора за декомпресија и без декомпресија, со цел да се овозможи безбеден премин помеѓу ентериерот и екстериерот, особено кога станува збор за изразито студени региони во светот, како што е поларниот појас, каде надворешните временски услови се крајно екстремни во споредба со ентериерот.