Еве по која цена ќе се продава Samsung Galaxy S10 Lite

Објавено на 20.12.2019 во Новости



Еве по која цена ќе се продава Samsung Galaxy S10 Lite

Samsung Mobile се очекува деновиве да го лансира новиот смартфон Samsung Galaxy S10 Lite што во претходните години не беше пракса да има поевтин модел неколку месеци по оригиналното лансирање.

Веќе се откриени сите детали за квалитетниот Samsung Galaxy S10 Lite од високата класа кој ќе се продава за цена од околу 650 евра во зависност од пазарните услови.

Samsung Galaxy S10 Lite ќе пристигне деновиве со 6,7 инчен Full HD Plus OLED дисплеј, ќе работи со осум-јадрен Snapdragon 855 процесор, 8 GB RAM, 128 GB меморија, тројна главна камера, како и батерија со капацитет од 4500 mAh со брзо полнење.





 
Најнови телефони
 
 


{}