Google доби француска новогодишна „честитка“, тешка 150 милиони евра

Објавено на 21.12.2019 во Новости



Google доби француска новогодишна „честитка“, тешка 150 милиони евра

Казната за Google се случува за време кога големите американски компании како што се Google, Facebook, Amazon и Apple, добиваат драконски високи казни од повеќе европски држави, најмногу поради плаќање на ниски даноци. Растот на тие корпорации го загрози досегашниот даночен систем, затоа што им е овозможено легално да стекнат добивка во држави со ниски даноци како што е Ирска. 

Google во септември прифати да и плати 1 милијарда евра на Франција за да се нагодат за истрагата за фискалната измама што беше покрената пред четири години. Француската агенција за пазарна конкуренција го казни Google со 150 милиони евра поради монополистичко однесување и нејасно рекламирање на страницата Google Ads. 

Автор: Aleksandar Stankov




Прочитајте повеќе: